skip to Main Content

Документарец за регионална детска филхармонија

Документарец за регионална детска филхармонија
  • 28.03.2018

Во четврток, (29 март) во 12 часот, во концертната сала на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” ќе се одржи промоција на документарниот филм “Недовршена симфонија/Регионална детска филхармонија” филм на авторката Оливера Милош Тодоровиќ.

80 талентирани млади музичари од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ги споија својот талент и посветеност на музиката.

Ова е филм кој е пример за позитивна соработка во регионот. Дали новите генерации го имаат потенцијалот да ги променат стереотипите на своите родители?

По проекциите на филмот во Белград и Загреб, каде веќе се одржаа неговите промоции, следеше дискусија во која учество земаа многу познати личности. На овој несекојдневен настан гостите во Македонија ќе имаат можност да дискутираат и да ги разменат искуствата со актерката Јана Стојановска.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.

Back To Top