skip to Main Content

(Видео) Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20. век

(Видео) Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20. век
  • 18.01.2019

При јавно гласање на Би-Би-Си, британците го прогласија легендарниот пејач Дејвид Боуви за најдобриот изведувач на 20 век. Тој за жал го загуби животот на 10 јануари 2016 година,  по долгогодишна битка со ракот.

Боуви се најде како победник во едно од полињата на најважните и највлијателни личности на 20век. Тој ќе сеа најде и на финалното гласање, кое ќе се пренесува во живо на петти февруари.

Би-Би-Си го оцени пејачот како „константен музички иноватор кој честопати ставајќи се себе во најразлични улоги и ликови, никогаш не се плашеше да воведе нови звуци“.

Боуви во својата категорија ги победи Кетлин Тарнер, Чарли Чаплин, Мерилин Монро и Били Холидеј.

Поп кралицата Мадона на фејсбук ја поздрави круната на Боуви, за кој таа призна дека и го сменил животот и дека тој бил, како што таа го нарече, вистински гениијалец.

Дејвид Роберт Џоунс, роден на 8 јануари 1947 година, познат како Дејвид Воуви беше британски пејач, текстописец и актер. Тој беше една од водечките фигури во музичката индустрија и е сметан за еден од највлијателните музичари на 20тиот век од страна на критичарите. Неговата кариера е одбележана од неговите иновации и визуелна презентација. Исто така се смета дека неговата музика се смета дека оставила огромен печат на развојот на денешната популарна музика. Во текот на својата кариера тој продал над 140 милиони албуми низ светот.

Во другите категории, Алан Туринг е прогласен за научник на 20. век, Ернест Шаклтон е најдобар истражувач, а Нелсон Мендела победи во категоријата лидери.

Back To Top