skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Десет филмови на програмата Кафе-кино на „Скопско лето“

Десет филмови на програмата Кафе-кино на „Скопско лето“
  • 13.07.2018

Кафе-киното на „Скопско лето“, кое вчеравечер почна со филмот „Смртта на Сталин“, ќе продолжи до 21 јули со проекции од 21 часот во Сули ан – Факултет за ликовни уметности.

На програмата вечер е воената драма „Во четири ѕида“ во режија на Филип ван Лиу, копродукција на Франција, Белгија и Либан од 2017 година. Романтичниот трилер „Духовите на Исмаел“ на режисерот Арно Десплешин ќе биде прикажан утревечер, а в недела е францускиот крими-трилер „Заштитник“ во режија на Жан Франсоа-Рише.

Во понеделник, 16 јули, публиката на скопскиот фестивал ќе може да ја види унгарската драма „За телото и душата“ на Илдико Енједи, снимен минатата година.

Во наредните денови ќе бидат прикажани и: француската комедија „Откачени трудници“ на Ноеми Салио (17 јули); кинеската акциска авантура „С.М.А.Р.Т потера“ на Чарлс Мартин (18 јули); фантастичната мистерија „Телма“ копродукција на четири земји во режија на Жоаким Трир (19 јули); американско-јапонската романтична комедија „Париз може да почека“ на Елеонор Копола (20 јули) и комедијата „Тивок замок“ по сценарио и режија на Бруно Димон (21 јули).

Билетите се по цена од 100 денари и може да се купат на билетарницата на ФЛУ – Сули ан.

Back To Top