skip to Main Content

Гран при награда за македонската пијанистка Ана Гаштаровска

Гран при награда за македонската пијанистка Ана Гаштаровска
  • 13.08.2019

Македонската пијанистка Ана Гаштаровска ја освои наградата Гран при на 17 меѓународен арт фестивал „Езерски бисери“ и доби парична награда од 1.000 долари, доделена од Фондацијата Зографски и охридски бисери од семејството Филеви.

Ана Гаштаровска е студентка по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Најновото издание на „Езерски бисери“ се одржа во Струга од 9 до 12 август под раководство на уметничкиот директор, Ана Гацева.

Во класична музика, за лауреат од прв степен се прогласени пијанистите Лев Чефанов и Глеб Орлов од Русија и Андреј Шаклев, Томе Костовски и Фросина Трајковска од нашата држава.

Во соло пеење за лауреат од втор степен се прогласени Јана Блажевска, Исабела Димовска, Дамјана Апостоловски, Маријана Бошковска.

Фондацијата „Зографски“ која одбележува 85 години од раѓањето на Томислав Зографски, македонски композитор и педагог, додели дипломи и подарок, охридски бисери на Мариана Бошковска и Викторија Митеска.

Меѓународното стручно жири додели и две специјални дипломи за најдобра изведба на дело од Томислав Зографски на Анастасија Кочева за пијано и Исабела Димовска за соло пеење.

Back To Top