skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на врвот на листата на реномираниот Screen Media

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на врвот на листата на реномираниот Screen Media
  • 11.02.2019

Филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ беше оценуван од жирито на Screen Media во Берлин, при што доби одлични првични резултати.

Нашиот филм, информираат од „Сестри и Брат Митевски“ – Продукција и Агенцијата за филм на РМ, моментално се наоѓа на врвот на листата на жирито, заедно со Öndög на Ванг Куанан, со просечна оцена од 2,8, иако „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го очекуваат уште два резултати, со што веројатно e дека ќе се искачи на самиот врв.

Инаку Screen Media за сите престижни фестивали, од рангот на Берлин, Венеција и Кан, повикува седум најдобри новинари-филмски критичари од целиот свет кои заедно со уште еден филмски критичар од Screen International ги оценуваат филмовите на скала од 0 (многу лошо) до четири (одлично). Годинешната жири комисија е сочинета од реномирани новинари од филмската фела од престижните медиуми Dagens Nuheter – Шведска, Frankfurter Allgemeine – Германија, Film Art – Русија, Die Zeit – Германија, The Paper – Кина, The Morning Star – Велика Британија, Segnocinema – Италија и еден филмски критичар од самиот Screen International.

– Нашиот филм доби мешавина од оценки, меѓу кои и највисоката четворка Паоло Бертолин од „Сегносинема“ што во моментов го рангира на првото место, а пак по добивање на оценките и од Шведска и Кина, неминовно е дека „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ и ќе остане највисоко на оваа престижна листа, стои во соопштението.

Инаку, Screen International е реномиран британски филмски магазин што ја покрива меѓународната филмска индустрија. Наменет е првенствено за оние кои се инволвирани во глобалниот филмски бизнис, а датира уште од 1889 година кога бил основан под името “Optical Magic Lantern and Photographic Enlarger”.

Истиот објавува дневни публикации и критики од филмските фестивали и пазарите на Берлин – Германија, Кан – Франција, Торонто и Онтарио – Канада, американските филмски пазари во Санта Моника, Калифорнија и Хонг Конг.

Инаку, на одржаната светската премиера и прес-конференцијата на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, македонската екипа била дочекана со овации на официјалната прес-конференција.

Во присуство на 100-тина новинари од светот и филмски критичари, вчера македонската екипа на нашиот претставник за Златната мечка одржа прес-конференција, на која и претходела ексклузивна затворена премиера на филмот, исклучиво за новинарската публика и филмската критика, кои со воодушевување и овации ја пречекале македонската екипа.

На прес-конференцијата, која инаку предизвика огромен интерес меѓу новинарите, стои во соопштението од „Сестри и Брат Митевски“ Продукција, се обратиле режисерката Теона Стругар Митевска, продуцентката и актерка Лабина Митевска, актерката Зорица Нушева (која го игра ликот на Петрунија) и сценаристката Елма Татарагиќ.

Во 16 часот следувала и светската премиера на филмот во главната сала на фестивалот Berlinale Palast, чиј капацитет е 1800 седишта.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top