skip to Main Content

Голема изложба на Толкин отворена на Оксфорд (Фото + видео)

Голема изложба на Толкин отворена на Оксфорд (Фото + видео)
  • 01.06.2018

Нова изложба посветена на авторот на „Господарот на прстените“, Џ.Р.Р. Толкин беше отворена во библиотеката на Универзитетот на Оксфорд.

„Толкин – создавачот на Средната земја“ е насловот на изложбата што прикажува ракописи од универзитетската колекција и до сега невидени предмети од повеќе земји поврзани со авторот.

 

 

-Имаме рани белешки од „Хобитот“, каде што се двоуми за имињата на некои од клучните ликови и луѓето можеби ќе се изненадат дека волшебникот Гандалф првично се викал Бладортин, а џуџето Торин се викало Гандалф, вели кураторката Кејтлин Мекливејн.

Претставено е бирото на коешто Толкин пишувал, како и други предмети и уметнички дела поврзани со славниот писател на фантастични романи.

Изложбата в година ќе патува во Њујорк и во Париз.

Back To Top