skip to Main Content

Ѓиновска Илкова: Што стана со оној синдикат каде имаме наши претставници?

Ѓиновска Илкова: Што стана со оној синдикат каде имаме наши претставници?
  • 16.05.2019

Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше оперската певица Весна Ѓиновска Илкова која испрати отворено писмо до премиерот Зоран Заев. Гиновска Илкова објасни зошто смета дека оперските певци се обесправени.

– Синдикатот на нашата национална установа недоволно се избори за нашите права и покрај тоа што имаме наши претставници во синдикатот и што не сме членови, сметам дека треба да бидеме повикани и да седнеме да ги разгледаме работите на заедничка маса. За првенците бидејќи од таа категорија на солисти доаѓам, не сме правилно изнивелирани со балетските првенци, а вршиме иста дејност, тежината може да е подеднаква особено што во нашата група има луѓе кои сме и со меѓународни кариери. Јас размислував дали воопшто да зборувам јавно, но сметав дека она што го упатив треба да е посочување на проблем кој се надевам дека ќе се реши. Вчера имавме разговор со заменик министерот и човекот објасни дека нивелацијата е направена според последната плата којашто е земена, вели Ѓиновска Илкова.

Вели дека овој проблем се случува со години наназад и дека главна одговорност има синдикатот.

-Членовите кои се со листи во синдикатот не знаеја за што станува збор. Да не бевме известени од дирекцијата немаше ни ние да знаеме. Овој проблем не е од сега. Ова говорење за тој колективен договор е години наназад. Секоја чест за балетските уметници и нивните сидникати што се избориле. Јас прстот го посочувам и го прашувам што станува со оној синдикат кај што имаме наши претставници. Јас сум била некое време во синдиакт но излегов бидејќи бев незадоволна од некои работи и сметам дека треба да се постават некои луѓе коишто ќе се борат и за тие кои не се во синдикатот, истакна Ѓиновска Илкова.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top