skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Во Тетово четврто издание на „Џез фест“

Во Тетово четврто издание на „Џез фест“
  • 11.09.2019

Четвртото издание на „Џез фест“ во Тетово од вечерва до недела, 15-ти септември во Центарот за култура во овој град ќе понуди пет настапи на музичари.

„Отворањето е во 20 часот со главните гости на фестивалот „Таксим Трио“ кои доаѓаат од Истанбул, Турција и кои врз основа на традиционалната турска музика инкорпорираат класичен џез. Втората вечер настапуваат браќата Тавитијан, едни од најпознатите музичари од Македонија со интернационална кариера заедно со Рани Круја музичар по потекло од Мароко. Рани Круја соработувал со Стинг, Питер Габриел, Принц, Ени Ленокс, Чик Кореа и многу други“, информираат организаторите.

Линда Рукај гитаристка од Албанија, настапува во петок од 20 часот со музичари од цела Европа, додека гитаристот Агрон Пени од Косово со бендот на четвртата вечер во сабота во истиот термин. Фестивалот завршува со настапот на музичари од цела Македонија во недела од 19 часот како квинтет заедно со вокалот Нита Речи од Струга.

Back To Top