skip to Main Content

Во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на рускиот јазик

Во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на рускиот јазик
  • 06.06.2019

Амбасадата на Руската Федерација во земјава и општина Кисела Вода денеска го одбележуваат Светскиот ден на рускиот јазик.

По тој повод попладне во паркот „Пушкин“ во општина Кисела Вода ќе се одржи свеченост на која ќе се обратат рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и градоначалникот Филип Темелковски. Ќе биде одржан концерт и ќе биде прикажан цртан филм „Приказка за цар Салтан”.

Рускиот јазик е еден од шестте официјални јазици на ООН. Рускиот е најраспространет јазик во Евроазија. Исто така, рускиот е најголем мајчин јазик во Европа и осми најголем јазик во светот по бројот на луѓе чиј  мајчин е рускиот, а шести по вкупниот број на говорници околу 215 милиони луѓе.

Светскиот ден на рускиот јазик се одбележува на 6 јуни. Овој датум е поврзан со денот, кога е роден Александар Сергеевич Пушкин. Александар Сергеевич Пушкин се смета за најголемиот руски поет, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература.

Back To Top