skip to Main Content

Во Куманово изложба на дела од 27-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2018“

Во Куманово изложба на дела од 27-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2018“
  • 20.09.2018

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од 27-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2018“.

Изложбата, соопштија денеска одговорните од кумановскиот Центар за култура, се реализира во соработка со Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип која заедно со општина Пробиштип е организатор на традиционалната колонија.

– Пред кумановци ќе бидат презентирани триестина дела кои што авторите од различните држави ги создаваа на колонијата инспирирани  од непосредната околина, вулкански карпи, вегетацијата, архитектурата, фолклорот, манастирот, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од Центарот за култура.

Оваа година на колонијата учествувале 16  уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Англија и Русија. Изложбата веќе биле презентирана пред публиката во Пробиштип. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 1.октовмри, годинава.

Back To Top