skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Во Битола – АКТО Фестивал за современи уметности

Во Битола – АКТО Фестивал за современи уметности
  • 29.08.2019

Со работилница за изложбата „сЛОГан“ и јавна дебата на тема „Каква галерија ни треба?“, во Битола почна 14-то издание на АКТО Фестивал за современи уметности.

Организаторите на фестивалот во Битола најавија дека АКТО со своите програмски активности отвора нови простори за продукција и претставување на современа уметност, јавни простори, напуштени хали и поттикнува соработка со јавните институции.

– Оваа година АКТО ја отвора темата „Каква уметничка галерија ни треба во Битола? Целта е да се најдат креативни мехенизми и да се прикажат проблемите со кои тековно се соочуваат уметниците, младите и воопшто граѓаните на Битола. За жал во моментов Битола нема галериски простор и затоа треба да се создадат услови за што побрзо отворање. Градот во минатото сепак имал значајни и квалитетни галериски простори, беше нагласено на презентацијата на уметникот Владо Ѓоревски.

Во периодот до 31 август во Битола ќе биде понудена богата уметничка програма, анализа на идејата за реконструкција на Офицерски дом и каков Офицерски дом е потребен, а учесниците дел од своите креативни идеи и содржини ќе презентираат и во Скопје, односно на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Во рамки на фестивалот, утревечер на сцената на НУ Народен театар-Битола премиерно ќе биде одиграна претставата „Приказна за окото“ во режија на Мартин Кочовски, која не е наменета за лица под 18 годишна возраст.

Back To Top