Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Комисијата воздржана за имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Виртуозот на виолончело Даниел Милер-Шот, солист со Македонската филхармонија

Виртуозот на виолончело Даниел Милер-Шот, солист со Македонската филхармонија
  • 06.12.2018

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови“ вечер во 20 часот, како солист ќе настапи германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот.

Тој се смета за еден од најистакнатите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот.

Од Македонската филхармонија информираат дека овој амбасадор на музиката на 21.век, за македонската публика ќе го изведе концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович.

Диригент на концертот, за првпат во Македонија, е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премира) од Клод Дебиси.

Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Во 2017 година, маестро Гамба се враќа на Би-Би-Си промс, диригирајќи со врвниот џез-ансамбл „Bang on a Can All-Stars“ заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар, како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголето“…

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top