skip to Main Content

Виртуелниот свет на Стивен Спилберг

Виртуелниот свет на Стивен Спилберг
  • 28.03.2018

Од утре (четврток) во „Синеплекс“ се прикажува новиот хит на славниот холивудски режисер, „Играч број 1“.

Филмот го следи младиот бунтовник Вејд Вотс. За да избегне од секојдневните
проблеми, Вотс се приклучува во ММО игра наречена “Оаза”. Кога богатиот основач на играта
умира, тој им го нуди своето богатство на своите играчи како награда во пронаоѓање на
велигденски јајца во рамките на „Оазата“. Вејд Вотс го пронаоѓа првиот доказ и ја започнува
трката. Тој се впушта во акција, и пет години подоцна се соочува против корпоративните
непријатели кои се спремни на сѐ само за да ги добијат парите – и во реалниот свет и во
„Оазата“.
На репертоарот на „Синеплекс“ е и комедијата „Гринго“. Во возбудлива мешавина од црна
комедија, акција и драматична интрига, Гринго патува кон Мексико, каде што малку
воспитаниот бизнисмен Харолд Соинка (Дејвид Ојелово) се наоѓа себеси на милоста на
неговите подмолни колеги, локални дилери на дрога и морално конфликтни платеници.

Преминувајќи ја линијата од граѓанин кој го почитува законот, Харолд се бори да опстане во
опасната ситуација во која се наоѓа, при што се поставува прашањето: Дали е надвор од
опасност или е два чекора напред? Корупција, одмазда и најмрачните внатрешни демони се главна тема на филмот.

Back To Top