skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Вимблдон Опен низ вековите – четврт дел

Вимблдон Опен низ вековите – четврт дел
  • 10.07.2019

„Упадот“ на французите на Вимблдон: Suzanne Lenglen и Четворицата Мускетари

Во периодот после Првата Светска Војна на женските натпревари во Вимблдон ќе се појави еден сосема нов, фасцинантен лик, кој ќе остави силен печат на турнирот.

Станува збор за французинката Suzanne Lenglen, која, на свои 15 години, ќе ја освои титулата во 1919 година, по еден екстремно напорен меч со резултат (10-8, 4-6, 9 -7).

Младата французинка за многу брзо време ќе стане една од најголемите светски ѕвезди на женскиот тенис во тој период.

И покрај тоа што challenge round повеќе не постои, што значи дека морала да игра на целиот турнир како и сите останати учеснички, таа ќе ја зачува својата титула во 1920, 1921, 1922 и 1923 година.

За жал, поради жолтицата од која заболела, морала да се повлече од тронот, и во 1924 година ќе загуби во финалето од страна на англичанката Kitty McKane.

Токму оваа година, 1924, на машките терени ќе биде забележана уште една француска победа на Jean Borotra против René Lacoste, двајца од идните Четворица Мускетари.

Во изданието од 1925 година публиката ќе ужива во одмаздата на Lacoste против Borotra. Сепак, ова ривалство помеѓу двајцата одлични тенисери нема да им попречи да извојуваат победа во мажи – двојки, против Jacques Brugnon и Henri Cochet, другите двајца мускетари на Вимблдон, како што биле нарекувани.

Кај жените пак, Suzanne Lenglen ќе ја освои својата последна титула во сингл категорија на Вимблдон, но, ќе успее да извојува победа во категориите жени – двојки, како и во мешани двојки, во пар со Jean Borotra.

Со исклучок на американката Elizabeth Ryan, партнерка во жени – двојки на Suzanne Lenglen, во 1925 година, во сите пет категории на Вимблдон, носители на титулите ќе бидат французи.

Веќе следната година Lenglen се повлекува од аматерскиот тенис, започнувајќи скоро потоа професионална кариера.

Таа повеќе не смеела да се натпреварува на Вимблдон, кој во тоа време бил повеќе резервиран за почетници и аматери.

Така, користејќи го нејзиното отсуство, Kitt McKane ќе успее уште еднаш да се искачи до врвот.

Кај мажите пак, француската доминација ќе остане многу подолго. Jean Borotra ќе стане шампион по вторпат, а по него и двете победи на Jacques Brugnon и Henri Cochet ќе придонесат за францускиот успех на Вимблдон.

Веќе следната година Henri Cochet ќе победи против Borotra, и на тој начин ќе стане Третиот Мускетар кој ќе освои титула во категоријата мажи – сингл на Вимблдон.

Француската супремација на турнирот ќе продолжи и во 1928 година со победата на René Lacoste против Cochet, па и во 1929 година со победата на Cochet во меч против Borotra.

Конечно, француската хегемонија на Вимблдон ќе заврши во 1930 година, со враќањето на Bill Tilden на терените. Тој ќе успее на свои 37 години по трет пат да го добие трофејот, играјќи во финалето со Wilmer Allison.

Раѓањето на Grande Slam

Изданието во 1931 година ќе биде во знакот на еден особен настан во историјата на Вимблдон.

Имено, на крајот од полуфиналето, во мечот против Borotra, Frank Shields сериозно ќе си го повреди глуждот.

Од страна на американскиот тим на Дејвис Купот, му е побарано да се откаже од финалниот меч, за да може да закрепне за натпреварот помеѓу Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, кој требало да се одигра неколку дена подоцна.

На тој начин, Shields ќе му го препушти трофејот на својот сонародник Sidney Wood.

Ова ќе остане запишано како единствен настан во историјата на Вимблдон кога не се одиграл финалниот меч поради тоа што еден од двајцата натпреварувачи се откажал.

Во 1932 година, Ellsworth Vines ќе стане вториот тенисер во историјата кој ќе успее да ги освои трофеите на U.S. National Championships и Вимблдон во иста година, после Tilden, во 1921 година.

Но, веќе следната година, ова чудо ќе успее да го надмине австралијанецот Jack Crawford.

Тој ќе извојува победа во финалето на Australian Championships во јануари, по што ќе одлучи да замине за Европа и да игра на најважните турнири таа година.

Ќе успее да победи и на Францускиот интернационален турнир, и на Вимблдон.

На Вимблдон ќе приреди вистински спектакл за публиката, победувајќи го во финалето Vines со следниов резултат (4-6, 11-9, 6-2, 2-6, 6-4).

Тој во истата година ќе се стекне со три најважни трофеи на светот, вклучувајќи го и U.S. National Championships.

Печатот, воодушевен од неговиот талент, за првпат ќе го употреби терминот “Grande Slam”, кој оттогаш ќе се однесува на освојување на четирите најважни титули во светот на тенисот во една иста сезона.

Сега знаеме кој е газда на Lacoste…бил голем фраер и многу сакал некоја торба од крокодилска кожа и тренерот му ветил дека ако победи ќе му ја купи и да…го викале Крокодил. Во 1933 година го основал брендот во Париз.

Продолжува…

Автор на текстот: Димитри Соле Љубин – поет и писател

Back To Top