(Видео) Повеќе од 1.000 маски на Вевчанскиот карневал, симболот на светската сатира

Вевчани и оваа година од 12 до 14 јануари ќе биде театар на отворено без режија и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година. Веќе се изработени над 1.000 поединечни и групни маски, кои се чуваат во тајност, а организаторите очекуваат околу 10 илјади посетители. На Вевчанскиот карневал и годинава ќе има многу музика.
Вевчанскиот карневал, со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, ќе почне со забава на 12 јануари а продолжува следниот ден 13 јануари со централната манифестација надалеку прочуеното дефиле на маски.
Кулминација на настанот е на 14 јануари утрото триесетина минути после два часот по полноќ кога младоженецот и невестата одат да полнат вода на вевчанските извори од која подоцна приготвуваат кашарник, објаснува вевчанскиот уметник Симун Лешоски, автор на дизајнот за пасошот на Република Вевчани и на вевчанските банкноти – личници.
Но карневалот денес не е она што било некогаш. Секое време си носи и свои промени, објаснува Лешоски.
Карневалот ќе заврши на 14 јануари, на Василица, кога на сред село традиционално ќе бидат запалени маските од овогодинешниот вевчански карневал. Карневалот има 14 вековна традиција.
Искра Опетческа
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.