skip to Main Content

(Видео) Ненадејно почина режисерот Златко Славенски

(Видео) Ненадејно почина режисерот Златко Славенски
  • 08.04.2019

Македонскиот театар загуби уште една маркантна личност-на 53 годишна возраст, денес почина режисерот Златко Славенски. Веста за неговата ненадејна смрт ја потврдија од Факултетот за драмски уметности каде каде Славенски беше професор и шеф на катедрата за театарска режија.На Славенски му се слошило додека им држел предавање на неговите студенти. Очевидци за 1ТВ раскажаа дека со возило на Брза Помош, Славенски  бил донесен во Ургентен центар околу 14 часот. Присутна била неговата сопруга- актерката Искра Ветерова заедно со уште неколку актери-негови колеги. По еден час докторите костатирале смрт, а најверојатно  причината била инфаркт.

Славенски секогаш беше интересен соговрник,а неговото последно гостување за  1тв беше минатата година. Во нашето студио тој  говореше на повеќе теми, меѓу нив и за политика како сериозно занимање. Истака дека од политиката граѓаните заборавија на уметност.

Златко Славенски подеднакво поставуваше и класици и современи автори, а имаше посебен афинитет кон примената на современата технологија и квантната физика во театарот. Негови претстави се „ Амадеум“, „ Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „ Папокот на светот“, „ Будење“, „ Соларис“, „ Кавкаски круг со креда“, „ Сината птица“.

Елена Милошевска

Back To Top