( Видео) Изложба „100 години Требениште“

Вечерва во археолошкиот музеј беше отворена изложбата „100 години Требениште“. Изложбата ќе трае до крајот на август со повеќе од 400 артефакти меѓу кои златни маски од 6 век п.н.е. На оваа тема линковско вклучување имаше новинарот Христијан Баневски.
-Оваа изложба е по повод сто годишнината од истражувањата на Требениште, за таа намена беа донесени златни маски кои датираат од 6 век п.н.е. заедно со уште 400 други експонати од злато, килибар бронза и стакло. Оваа изложба ќе продолжи и во Софија, интерес има и за Белград, а потоа низ цела Европа, Париз, Берлин и Виена, извести Баневски.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.