skip to Main Content

Вечерва започна „Скопскиот џез фестивал“

Вечерва започна „Скопскиот џез фестивал“
  • 17.10.2019

Познатиот американски гитарист, продуцент и композитор,  Давид Торн, вечерва на сцената на Националната опера и балет, со својот настап го отвори 38-то издание на „Скопскиот џез-фестивал“.

Фокусот на годинашната програма на фестивалот е одбележување на 50-годишнината од постоењето на германската издавачка куќа „ЕЦМ рекордс“.

– Од деветте групи или изведувачки имиња на главната програма, шест се практично заштитен знак на ЕЦМ, а преостанатите три групи исто така ги конципиравме да бидат во стилот на отвореноста и авангардноста на ЕСМ – рече Оливер Белопета, првиот човек на фестивалот на неодамнешната прес-конференција.

Тој додаде дека фестивалот го задржува концептот што го почна пред неколку години.

– Ние и оваа година го задржуваме нашиот оригинален и храбар пристап кон џезот, со каков што не можат да се пофалат многу други фестивали во Европа. Програмата не се прави за да се приспособи на вкусовите на публиката, туку односот кон публиката повеќе треба да биде од едукативен карактер. Затоа, не очекувајте лесни ноти, нив им ги оставаме на други – додаде Белопета.

Инаку, „Скопскиот џез фестивал“ е симбол на државава низ изминатите речиси четири децении, имајќи ги на сцените низ скопје како гости најзвучните имиња, припадници на овој музички жанр.

Back To Top