skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Весна Гиновска Илкова до Заев: Помогнете да ја исправиме неправдата

Весна Гиновска Илкова до Заев: Помогнете да ја исправиме неправдата
  • 15.05.2019

Отворено писмо до премиерот Зоран Заев од оперската првенка Весна Гиновска Илкова

,,Почитуван премиер, поради фактот што синдикатот на Национална Опера и Балет НЕ се избори за нашата положба за изедначување на оперските првенци, хорот, оркестарот , режисерите, сценските работници…со балетската фела,во мојата институција постои огромно незадоволство.

Ние како репродуктивни уметници ја создаваме нашата работа на сцената,во моментот, овде и сега. И секоја изведба е различна. Нема вистинска реприза.

Вршиме иста дејност, иста работа, подеднаква тежина. Дотолку повеќе што се броиме на прсти ние кои имаме и меѓународни кариери. Носиме голема тежина на работата, големи стресови и одговорности за оправдување на секоја позиција. Понатаму, хорот и оркестарот се единки без кои не можеме да направиме ништо. И тие се обесправени, и јасно е нивното незадоволство.

Диригентите се тие кои ја водат целата музика на сцената. Режисерите се тие кои исто создаваат своја слика на сцената. Комлексна е нашата работа, Ве уверувам.

Сега сме оставени да се бориме сами и верувам ќе имаме разбирање.

Не сакам веќе поделби. Доста беше.

Реагирано е на сите инстанци. И до министерството, и до владата. Во трка со времето, Ви се обраќам јавно.Борец сум во животот и на сцената.

Помогнете да ја исправиме неправдата.

Со почит,

Весна Гиновска Илкова првенец, магистер и редовен професор на ФМУ“-се вели во отвореното писмо.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top