Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Богата програма пред и за време на неготинскиот панаѓур

Богата програма пред и за време на неготинскиот панаѓур
  • 14.09.2018

Општина Неготино ќе има богата програма пред неготинскиот панаѓур и за време на стопанско-туристичката манифестација со најдолга традиција во државата, информираше денеска Методи Митрев, портпарол во неготинската локална самоуправа.

Шестдневна забава ќе има од вторник до недела, исполнета со музички доживувања за сите вкусови и саемска манифестација. Според програмата, активностите започнуваат во вторник со одржување на настанот „Неготински серенади“,  кој ќе се одржи во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“,  со почеток од 19,00 часот.

– Се продолжува во среда со одржувањето на „Неготинска музичка вечер“ на старата градска чаршија, со настап на босанската музичка sвезда Емир Гиле, Бени Шаќири и Нон-стоп и  ДЈ Cosmo Z, а меѓу настаните секако е и традиционалната „Манастирска вечер“ која се одржува во четврток на 20 овој месец. Деновите од 21 до 23 септември се предвидени за одржување на стопанско-туристичката манифестација „Неготински панаѓур“- најголема и најмасовно посетена во цела држава, со настап на голем број естрадни музички имиња, ангажирани од сопствениците на угостителските објекти, појаснува Митрев.

Тој нагласува дека и годинава е голем интересот кај трговците, за добивање место за тезга, за време на манифестацијата која има традиција од над пет децении.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top