skip to Main Content

Аљоша Симјановски снима документарец за џезот

Аљоша Симјановски снима документарец за џезот
  • 28.03.2018

Долгометражниот документарен филм „Џезмен“ во продукција на „Зојдер“, по сценарио и во режија на Алјоша Симјановски, деновиве продолжува да се снима во Скопје, Белград и Благоевград. Во филмот, меѓу останатите, учествуваат гитаристите Влатко Стефановски и Душан Којиќ – Која (екс „Дисциплина кичме“),  бугарскиот пијанист Милчо Левиев…

Симјановски наведува дека целиот процес на џезот е почнат случајно, со неочекувано спојување на неколку порано неврзани социјални моменти. Филомот се фокурира на темите и аспектите како анти-идеалистичката филозофија на уметничкото движење на т.н. изгубена генерација пред и по Првата светска војна. Младите луѓе го креваат гласот против се што мириса на хипокризија на постарата генерација. Во секојдневниот живот тоа значи дека човекот е слободен да се забавува и вообичаено се сведувало на секс и пиење. Во уметноста тоа се отелотворува како експеримент и испревртување на старите форми наопаку, наглава, како што тоа Џојс го прави со романот, О’Нил со театарот, Пикасо со сликарството. Џезот идеално се вклопува на сите нивоа, секоја изведба претставува нова музичка форма…

Back To Top