Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Архангел“ го отвора годинашниот Вевчански карневал

„Архангел“ го отвора годинашниот Вевчански карневал
  • 02.01.2019

Рок групите „Архангел“ и „ Галија“, како и познати диџеи ќе бидат дел од програмата на Вевчанскиот карневал што ќе се одржи од 12 до 14 јануари во Вевчани.

Во рамки на карневалската манифестација градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски откри дека на 12 јануари предвидено е културно уметничка работилница и настап на македонската рок група „Архангел“ и српска „Галија“, а во ноќните часови присутните ќе ги забавува познат ди – џеј

На Стара Нова година вевчанци и посетителите ќе ги забавуваат „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар со зурли и тапани.

-Подготовките се во тек, а деталите околу организацијата на Вечанскиот карневал ќе бидат соопштени на прес-конференција в петок, изјави Јанкоски.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност.

Карневалот почнува со традиционално карневалско дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top