skip to Main Content

„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија за 2018-2019

„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија за 2018-2019
  • 29.10.2018

Во чест на поетот Анте Поповски,  меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“  вторпат годинава го распишува конкурсот „Антево слово“ за најдобра поетска творба.

Може да учествуваат поети од Македонија кои ќе пратат една своја необјавена песна на e-адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и на италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс тие ќе можат да бидат меѓу авторите кои конкурираат за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 15 ноември 2018 година.

Наградата „Антево слово“ е дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди – носечката награда „Анџело Ла Векија“, именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор, и наградата „Антево слово“, која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Back To Top