skip to Main Content

Ангажирана изложба на Филип Фидановски

Ангажирана изложба на Филип Фидановски
  • 28.03.2018

На 2 април, во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена најновата изложба на Филип Фидановски, насловена „Причина“.

Делата за оваа изложба се направени во 2017 година и дел во 2018. Дeлата се изработени во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно…

Најновата изложба на Фидановски не е изложба што досега сме навикнале да ја гледаме. Станува збор за нов израз на авторот, овој пат ангажирана уметност. Политиката и политичарите асоцијативно, а некои и експлицитно ставени во контекст на едно гледање на моменталните општествени прилики и неприлики во Македонија. За политичарите минати, сегашни и идни, за аномалиите во културата и општеството. За лажните вредности што ни се наметнуваат од проектот Скопје 2014. За слободата, која ја нема повеќе. По малку сатирична и повеќе реална изразност на авторот во своите дела, но многу трагична, бидејќи е исто така многу вистинита реалноста симболички прикажана во делата на Фидановски.

На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.

Back To Top