skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Активностите на Домот на културата во Ресен ја збогатуваат културата во Преспа

Активностите на Домот на културата во Ресен ја збогатуваат културата во Преспа
  • 09.08.2018

Дополнување на досегашните и нови културни содржини во преспанскиот регион нуди програмата за работа на директорот на општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ во Ресен Васко Василевски, кој доби нов, трет мандат.

Тој во неговата програма најавува продолжување со работа на драмската секција, со што ќе се развива аматерскиот театар и љубовта кон овој вид уметност кај најмладата ресенска популација, како и продолжување на соработката со останатите центри и домови на култура и театри.

– Во изминатите години, за време на мојот мандат, беа реализирани бројни соработки со останати културни институции, меѓународни организации и здруженија. Со оглед на фактот дека Преспа се наоѓа на тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Албанија, беа иницирани и реализирани културни настани поврзани и со културната промоција на соседите. Согледувајќи ги сите овие аспекти на културното живеење во Преспа, сметам дека во изминатиот период е направено многу во насока на подобрување на квалитетот на културното живеење во регионот, изјави Василевски.

Тоа, според него, е уште поголема мотивација да се направи чекор напред во збогатувањето на културните настани во Преспа.

Директорот најави и надополнување на библиотечниот фонд со нова стручна литература, со цел зголемување на бројот на читатели, како и продолжување на натпреварот „Млади библиотекари“. Можноста, како што рече, да се слушнат секаков вид  уметници, отвора можност и перспектива за развој на музичката култура и уметност кај сите возрасти во општината. Просторните можности на Домот на културата, нагласи Василевски, се покажаа како одлично место за одржување на ликовни изложби, и во изложбениот салон во Ресенскиот сарај планирани се голем број изложби.

– Културата е таа која секогаш прва навлегува во порите на соработката, така што пред нас претстои период на можности, кои треба да се искористат во областа на меѓуграничната соработка и прекуграничните проекти, обезбедени преку различни фондови на Европската унија, но и преку амбасадите на земјите членки на Унијата, додаде директорот Василевски.

Домот на културата, како што подвлече, работи на подготовка на културни содржини за претстојаната манифестација Преспански јаболкобер.

– Септември е месец во кој сите активности во Преспа се поврзани со јаболкоберот, како наша главна карактеристика, која има одраз и врз културниот живот. Во пресрет на централната манифестација на Крстовден, ќе се одржат неколку културни настани, во организација на Домот на културата „Драги Тозија“. Овој период активно се прават подготовки и избор на културните активности, рече Василевски.

Во соработка со локалната самоуправа, најави преуредување и реновирање на одредени делови на познатиот Ресенски сарај, еден од најатрактивните објекти во преспанскиот регион, кој е и седиште на Домот на културата „Драги Тозија“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top