skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Адеми: Ако треба ќе поднесам оставка

Адеми: Ако треба ќе поднесам оставка
  • 09.02.2019

По критиките во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата, надлежниот министер Асаф Адеми, изјави дека политичката функција не му е света и дека е подготвен да поднесе оставка. Од Берлин, каде што е во работна посета, најави и разгледување на сите одбиени апликации.

-За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема пропблем. Од првиот ден на функцијата се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи  реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од вработените во Министерството и врз основа на тоа ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене, изјави Адеми.

Тој вели дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дека нема да постапува под притисок на јавноста.

-Тоа апсолутно не е точно, но да се стави некој над законот, некој што секогаш земал пари од Министерсвото дека еве јас сум над сите и нема потреба да доставам кој било документ и дека тие ќе донесат одлука врз основа на притисоци од јавноста, јас тоа нема да го направам, вели Адеми.

Министерот смета дека се манипулира со јавноста дека тој креира национална политика. Рече дека е во постојан контакт со членовите на комисиите и со правната служба во Министерството, а решението го гледа во преиспитување на сите одлуки за апликациите кои што се одбиени.

Back To Top