skip to Main Content

Македонија

Куќен притвор за Јасна Мандиќ

Куќен притвор за Јасна Мандиќ

  • 09/10/2019

дредена е мерка куќен притвор за Јасна Мандиќ, потпретседателка на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и директорка…

Груби не се чуствува навреден околу „лупањето глупости“: Заев зборува за мене, но и за себе

Груби не се чуствува навреден околу „лупањето глупости“: ...

  • 08/10/2019

„Заев зборува за мене, но и за себе, одговори пратеникот Артан Груби на забелешката на премиерот Зоран Заев дека политичарите понекогаш лупаат глупости.

– Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика – вели Груби.

Оваа реакција на Груби доаѓа по изјавата на премиерот Зоран Заев запрашан од новинарите кое е неговото мислење, односно дали со законот за јазици невистина го обезбедува мирот во државата, Заев за кажаното од страна на Груби рече дека политичарите понекогаш знаат и да лупаат глупости.

Бојан Јовановски од болница вратен во Шутка

Бојан Јовановски од болница вратен во Шутка

  • 08/10/2019

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски наместо да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, заврши во болница.

Интервенираше и брзата помош, па после половина час на носилка Боки 13 беше изнесен од зградата на обвинителството. Според неговиот адвокат сликата била застрашувачка.

-Јовановски беше однесен во болница, му беше пружена медицинска помош, примил инфузија и сега веќе е вратен во притворот во Шутка. Во моментот состојбата му е стабилна,велат за „Фокус“ од управата на затворот.

Се плаши ли некој од Боки 13 и на кого му е потребен Јовановски неконтактибилен и „уништен“?

Се плаши ли некој од Боки 13 и на кого му е потребен Јова...

  • 08/10/2019

Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција.

Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.

Сите оние кои имаа шанса да го видат денска Боки 13 сведочат дека ситуацијата со првообвинетиот во „Рекет“ навистина е „алармантна“.

Адвокатот Дуковски на 3.10.2019 ја објасни ситуацијата со Јовановски:

Дуковски: Состојбата со Бојан е алармантна, колабираше и масивно повраќаше во тоалетот

Дуковски: Состојбата со Бојан е алармантна, колабираше и ...

  • 08/10/2019

Сашко Дуковски, адвокатот на осомничениот Бојан Јовановски,  за а1он изјави дека состојбата со неговиот клиент е алармантна и дека итно е пренесен во болница.

Дуковски рече дека го затекнал Јовановски како повраќа во тоалетот и бил неконтактибилен, а исказот кај обвинителката Вилма Русковска воопшто не почнал.

„Се случи непријатна сцена, она што се случува 40, 50 дена откако е притворен. Почна да повраќа и колабираше на одредено време“, рече Дуковски.

Адвокатот рече дека иако за Јовановски има мислење од Клиниката за тораклана хирурхија дека треба да биде хоспитализиран, тоа не е доволен аргумент за поблага мерка кон неговиот клиент.

Бојан Јовановски, кој е првоосомничениот во случајот „Рекет“ денеска, по увидот на доказите, требаше да даде исказ во Обвинителството.

Back To Top