skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Macedonian Honey“ – европски победник на Startup Europe Awards за 2017

„Macedonian Honey“ – европски победник на Startup Europe Awards за 2017
  • 08.10.2018

Компанијата Macedonian Honey е Европски победник во категоријата Клима (климатски промени) на StartUp Europe Awards за 2017 година.

Достигнувањето на компанијата денеска ќе биде соопштени пред јавноста на прес-конференцијата, на која како што е најавено ќе говорат министерот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, директорот на Finnova (организатори на StartUp Europe Awards) Хуан Мануел Равуелта Перез и Луиџи А. ДелАквила, раководител на Одделот за европски фондови на Европската академија на региони.

Macedonian Honey е формирана со идеја дека мора да има подобра иднина за пчелата, биодиверзитетот и природата.

– Во ова време на климатски промени, исчезнувањето на пчелите, намалувањето на биодиверзитетот, ние сме исправени пред одговорна задача да превземеме нешто. Опрашувањето, биодиверзитетот и човековата благосостојба се тесно поврзани, затоа сите ние сме вклучени без разлика дали сме бизнисмени, фармери, научници, индустријалци, политичари или едноставно – луѓе, велат од компанијата.

Резултат на работата на Macedonian Honey е спречување на изумирање на пчелите, зголемување на популацијата на диви пчели во природата, заштита на биодиверзитетот, и намалување на ефектот на климатските промени врз човековото живеење.

– Затоа создадовме нова иновативна кошница која е прилагодена на природните потреби на пчелата и воедно ја олеснува работата на пчеларот. Пчелите одгледани во Elle-Hive стануваат посилни и нивниот генетски материјал им овозможува на идните генерации пчели полесно да се справат со предаторите и климатските промени, додаваат од компанијата.

Кошниците се поставени на планинскиот масив Бистра-Стогово во југозападна Македонија, близу градовите Дебар и Кичево, на 100 километри воздушна линија од Јадранското море, каде природата е полна со богата вегетација и медоносни лековити билки како жалфија, нане, маточина, планински чај.

Macedonian Honey ја формираше и платформата International Bee-Station, која претставува место каде поединци, фирми, меѓународни организации, амбасади и други оганизации, ќе се сретнат и заедно ќе придонесат за заштита на природата.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top