skip to Main Content

Џорџ Сорос влегува на пазарот на крипто-валутите

Џорџ Сорос влегува на пазарот на крипто-валутите
  • 09.04.2018

Иако пред само неколку недели милијардерот Џорџ Сорос ги критикуваше крипто-валутите, велејќи дека овие монети не можат да бидат вистинска валута, најновите информации велат дека тој влегува и на овој пазар.

Адам Фишер, кој ги контролира инвестициите во фондот на Сорос, добил интерно одобрување за тргување со дигиталните валути.

-Се додека имате растечки диктатури, ќе имате и различни решенија, така што властите во таквите земји ќе се свртат кон биткоинот, тврдеше Сорос.

Меѓутоа, Сорос почна индиректно да се обложува на биткоини. Неговата компанија купи удел во Overstock.com во четвртиот квартал од минатата година. Таму Сорос е трет најголем акционер, а ова е инаку првата малопродажна компанија која започна да прифаќа дигитални валути.

Оваа компанија, исто така, планира да воспостави платформа за тргување со крипто-валута.

Back To Top