skip to Main Content

Ќе се носи стратегија за мали и средни претпријатија

Ќе се носи стратегија за мали и средни претпријатија
  • 03.04.2018

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со донесување на Национална Стратегија за мали и средни претпријатија (МСП) 2018-2023, со Предлог-стратегија и акциски план.

Стратегијата за МСП, како што стои во соопштението, дефинира рамка за соработка меѓу чинителите од јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество со цел поддршка на развојот на МСП и иновативноста во насока на зголемување на нивната конкурентност. Целите на стратегијата се да се создаде поволно деловно окружување во коешто се поттикнуваат претприемништвото и инвестициите, да им се помогне на МСП да станат високо продуктивни и конкурентни учесници на европскиот и другите меѓународни пазари, и да се поттикне економската конкурентност на Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Стратегијата за МСП е изготвена во согласност и со Актот за мали претпријатија (АМП) на Европската унија, стои во соопштението.

Back To Top