skip to Main Content

Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто-додадената вредност во земјоделството

Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто-додадената вредност во земјоделството
  • 24.09.2018

Најголемо учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството има Југоисточниот регион со 29,7 отсто, покажува статистиката.

По него следува Пелагонискиот со 22,1 отсто, додека учеството на Североисточниот и Југозападниот регион е 4,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, во 2016 година во создавањето на вредноста на растителното производство најголемо учество имал Југоисточниот регион со 35,9 отсто, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство Пелагонискиот со 19,9 проценти.

Back To Top