skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ципрас на Итака ќе ја заврши „одисејата“ со грчката финансиска криза

Ципрас на Итака ќе ја заврши „одисејата“ со грчката финансиска криза
  • 21.08.2018

Островот Итака е локацијата од која грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе им се обрати на Грците по повод завршувањето на  последната 3-годишна програма со финансиска помош за земјата и излезот на Грција од меморандумската политика.

Според грчките медиуми, Ципрас, во неговото обраќање, се очекува да се осврне на тешкотиите низ кои поминаа Грците во изминатите години додека траеше финансиската криза, но и да открие дел од неговите следни планови за економијата на Грција.

Освен обраќање, грчкиот премиер ќе одржи и средби на Итака.

Островот Итака има посебна симболика, со оглед на тоа што беше родното место на Одисеј во истоимената поема на старогрчкиот поет Хомер.

Back To Top