skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Тевдовски: Проекциите за раст на Министерството за финасии се кредибилни

Тевдовски: Проекциите за раст на Министерството за финасии се кредибилни
  • 09.01.2019

Тоа што одиме со проекција за раст на БДП од 3,2 отсто за 2019 година, што е многу блиску до проекциите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а е пониско од проекцијата на Народната банка на РМ (НБРМ), покажува дека имаме кредибилна проекција, истакна министерот за финансии Драген Тевдовски во коментар на последните оценки на Светска банка во јануарскиот Глобален извештај според кои Македонија лани имаше раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне до 2,9 проценти.

-Проекциите на релевантните меѓународни институции како Светска банка, ММФ и на домашните како Народната банка се многу  блиски до оние на Министерството за финасии. Некои се пониски неколку проценти поени некои се повисоки. Тоа значи дека одиме со многу кредибилна проекција, рече Тевдовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Од проекциите за раст на БДП, како што додаде, фискално најважно е дали може да ја остварите приходната страна.

-Ние успеваме две години одлично да ја оствариме приходната страна и немаме никаков проблем со тоа, дури полнењето на приходите и даноците беше како што беше нашата проекција во 2018 година, рече Тевдовски и додаде дека претходно години наназад институциите имале голема дискрепанца со најавите од релевентните институции.

Проекцијата на Министерството за финансии за раст на БДП за 2018 година е 2,8, а за годинава 3,2 отсто.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top