skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на форумот „Еуромани“ во Виена

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на форумот „Еуромани“ во Виена
  • 14.01.2019

Министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествуваат на Форумот на Централна и Источна Европа, што по 24. пат го организира „Еуромани“ во Виена.

Тевдовски, соопшти Министерството за финансии, ќе земе учество на министерскиот панел, на кој ќе учествуваат и министрите за финансии на Унгарија и Албанија, Габор Гион и Арбен Ахметај. Тој ќе зборува за краткорочните и долгорочните очекувања за македонската економија, инвестициите и очекувањата за кредитниот рејтинг.

Во рамки на форумот предвидени се дискусии за повеќе прашања, како трговската соработка меѓу земјите од Централна и Југоисточна Европа, економскиот раст, пазарот на капитал, иновациите во банкарството и други теми.

„Еуромани“  е еден од водечките настани од областа на финансиите во Европа. На него редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – министри за финансии, гувернери на централни банки, директори на финансиски институции и инвеститори. Форумот е насочен кон дискусија на најважните прашања за пазарите во Централна и Источна Европа.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top