skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Сугарески очекува голем раст на капиталните инвестици во вториот и третиот квартал

Сугарески очекува голем раст на капиталните инвестици во вториот и третиот квартал
  • 15.05.2019

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал годинава и уверува дека ќе имаме економска година посветена на инфраструктурата.

– Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавиве дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година, изјави денеска Сугарески, при увидот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Драчево – Таор.

Сугарески наведе дека моментно се работи на 90 – ина проекти  за над 700 километри патишта патишта, мостови и патарини, со вкупна вредност од над 850 милиони евра.

– Засилено работиме на гасификацијата, ја интензивиравме изградбата на железницата кон Бугарија и реално очекувам втор и трет квартал да имаме силен раст на капиталните инвестиции. Ни претстои долга градежна сезона, очекуваме се што најавивме за изградба и реконструкција во инфраструктурата да реализираме за оваа година, и уверен сум дека ни претстои силна економска година посветена на инфратсруктурата, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања, при увидот на реконструкцијата на регионалниот пат Драчево – Таор.

Тој информираше дека се завршени 50 проценти од работите за изградба на пругата кон Бугарија.

–  Голем дел од проблемите се надминати, се очекува анекс договорите да се потпишат, првата делница сериозно се интензивира, за втората делница се очекува до крај на годината да се избере изведувач и да почне изградбата, а за третата од Крива Паланка до гугарска граница Министерството за финасии  работи на обезбеудвање средства. Таму имаме 60 милиони грант средства од ИПА, согласно роковите очекуваме да биде и динамиката, рече Сугарески, посочувајќи дека за многу бргу време очекува пуштање на автопатот Скопје Штип, ќе се интензивира работата на автопатопт Кичево Охрид и ќе почне изгардбата на автопатот Скопје Блаце.

Back To Top