skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Сугарески: Директорот на МЕР наскоро ќе објасни за се што е договорено околу гасоводот

Сугарески: Директорот на МЕР наскоро ќе објасни за се што е договорено околу гасоводот
  • 12.10.2018

Наскоро јавноста преку акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси – МЕР ќе биде информирана за се што се случува со изградбата на гасоводот на делот кај Водно, најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

– Во повеќе наврати обезбедивме јавни дебати со екологистите. Бидејќи МЕР ги склучува договорите со компаниите, за се што како новина е постигнато комплетно ќе објасни директорот на МЕР. Ќе се изјасни за она што се случува на терен за да нема шпекулации дали она што е договарано таму е така или не, истакна министерот Сугарески во одговор на новинарско прашање за ангажирањето на механизацијата на терен при денешната посета на Пониква.

МЕР, пак, денеска преку соопштение за медиумите информира дека е отворен за разговори со граѓанските здруженија.

– Како и секогаш МЕР АД Скопје е отворен за разговори, и по принципот на инклузивност ги повикуваме граѓанските здруженија наредните денови на разговор, за да се разјаснат недоразбирањата и да одговориме на прашањата кои создаваат недоречености, се вели во соопштението од МЕР

Back To Top