skip to Main Content

Социјалните работници добиваат повисоки плати за над 4.300 денари, го унапредуваме системот за социјална заштита

Социјалните работници добиваат повисоки плати за над 4.300 денари, го унапредуваме системот за социјална заштита
  • 26.07.2019

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на реформите со кои се унапредува социјалната заштита и условите за работа на стручниот кадар, соопштуваат од партијата.

Покрај растот на платите на вработените во градинките за 16 отсто, односно за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита.

Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во пресек по вработен.

Со ова зголемување, самостоен стручен работник зема за 4.316 денари повисока плата, односно нето платата расте од  23.196 на 27.512 денари.

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, односно 76,5 отсто..

Покрај  ова зголемување на платите, следува уште едно во месец Септември во висина од 5 отсто, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство остануваат посветени на унапредување на социјалната заштита и враќање на достоинството на професијата социјален работник, се вели во сопоштението на Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

Back To Top