skip to Main Content

Сосиете женерал ја продава Охридска банка во Македонија

Сосиете женерал ја продава Охридска банка во Македонија
  • 05.04.2018

Француската групација Сосиете женерал се повлекува од регионот на Источна Европа од нестратегиски пазари, каде не се во топ трите банки според пазарниот удел, вклучувајќи ја и Македонија.

Во рамки на ова, како што пишува бугарскиот весник „Капитал“, се продава банката во Бугарија во пакет со уште пет подружници на француската групација во Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Молдавија.

Весникот наведува дека сите банки добро се управуваат и се со добивка, но истовремено страдаат од сличи недостатоци – мали пазари, каде некогаш примамливо високата рентабилност сега се топи, а средината е заситена и во исто време нестабилна поради политичка и регулаторна гледна точка.

Во 2016 година групацијата ја продаде хрватската Сплитска банка на ОТР, а во текот на 2017 година и грузиската. Надвор од предвидениот пакет што ќе се продава остануваат банките во Русија, Романија и Чешка.

Back To Top