skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Собранието ги донесе измените на Законот за минерални суровини

Собранието ги донесе измените на Законот за минерални суровини
  • 09.01.2019

Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 32-та седница со 53 гласа „за“ три „воздржани“ и еден „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство. Со измените се предвидува да не може да се додели концесија за експлоатација на минерални суровини за постапки со лужење или флотација на металични минерални суровини со цијаниди или со сулфурна киселина во рудници со отворен коп.

Исклучок се концесиите за експлоатација на металични минерални суровини на веќе постојните рудници.

Измената и дополната на Законот за минерални суровини се предлага заради долгорочна  заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и за да се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци.

Спроведувањето на овој закон нема да  предизвика  финансиски последици врз  Буџетот на Република Македонија и другите јавни финансиски средства.

Собранието не го усвои Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2016 година. За  точката на дневен ред гласаше само еден пратеник, еден беше воздржан, а 57 беа против.

Со 55 гласа „за“ и по двајца „воздржани“ и „против„ Собранието го усвои Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детското престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2016 година.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top