skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Докос за 1ТВ: Потребна е добра волја за спроведување на Договорот од Преспа
Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент
ОЈО го гони за убиство телохранителот на Мијалков
Анѓушев: Економијата ќе биде главен фокус на Владата за годинава
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Се зголемува данокот на кириите и на игрите на среќа

Се зголемува данокот на кириите и на игрите на среќа
  • 08.11.2018

Во пакетот даночни измени, освен персоналецот за плати над 90 илјади денари, се зголемува и данокот за кириите на станови и деловен простор, од 10% на 15%. Ова значи дека ако некој зема 12 илјади денари од станот кој го издава и за тоа сега плаќа данок 840 денари, со измените ќе треба да плати речиси двојно повеќе, односно 1 530 денари.

Со зголемувањето на данокот за 50 проценти се поставува прашање дали ќе се случи обратен ефект, односно наместо да се полни државната каса, да се зголеми сивата економија и се повеќе граѓани да ги издаваат своите недвижности на црно.

Измените предвидуваат и зголемување на данокот на игрите на среќа, па наместо досегашните 10% кои обложувалниците ги минусираа од добивката, сега ќе наплаќаат минус 15%  од добиената сума, или ако до сега за добивка од 2.000 денари во државната каса влегувале 195 денари, во иднина за данок ќе се одбиваат околу 300. Колку добивката е поголема, толку зголемувањето ќе биде поизразено.

За првпат, се воведува и данок на каматите што граѓаните ги добиваат на своите заштеди во банките, но ќе важи доколку каматата е повисока од 15.000 денари.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top