skip to Main Content

Секој жител на планетата должи по 86.000 долари

Секој жител на планетата должи по 86.000 долари
  • 19.12.2018

Глобалниот долг го надмина рекордот од 184 илјади милијарди долари, односно секој човек на планетата должи 86.000 долари, што е двојно повеќе од просечниот доход по глава жител, пишува Bloomberg.

Земји кои најмногу должат на светско ниво се САД, Кина и Јапонија, што според Меѓународниот монетарен фонд, се трите најсилни економии во светот.

Глобалниот долг претставува сериозен проблем особено затоа што уделот на овие три земји е поголем одошто нивното учество во светскиот бруто домашен производ.

Светскиот јавен и приватен долг изнесуваат околу 225% од вредноста на бруто домашниот производ на глобално ниво.

Back To Top