skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Светска банка: Македонската економија годинава со раст од 2,9 отсто

Светска банка: Македонската економија годинава со раст од 2,9 отсто
  • 09.01.2019

Македонката економија годинава ќе забележи расте од 2,9 отсто, наредната 3,2 отсто, додека во 2020 година од 3,3 отсто, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај. Македонија ја завршува 2018 година, според проценките на Баната, со раст на економијата од 2,5 отсто. Проекциите се коригирани во нагорна линија за 0,2 отсто и за лани, и во 2019, 2020 и 2021 година.

Во извештајот на Светска банка се наведува дека економскиот раст забележан во изминатата година по изборот на новата Влада придонесе за ставање крај на политичката криза и подобрување на инвестициската клима во земјата.

Сепак, македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот. Највисок раст ќе забележи економијата на Косово од 4,5 отсто. Под четири отсто раст ќе забележат економиите на Албанија (3,6), на Србија (3,5 отсто), Босна и Херцеговина (3,4 отсто) Црна Гора од 2,8 отсто.

Бугарската економија годинава ќе има раст од 3,1 отсто, додека на Хрватска 2,8 отсто.

Глобалната економија, пак, ќе забележи раст од 2,9 отсто во 2019 година и од 2,8 отсто во 2020 и 2021 година.

Еврозоната годинава ќе забележи раст од 1,6 отсто додека во наредните две години ќе порасне за 1,5 и 1,3 отсто.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top