skip to Main Content

САД и се закануваат на Кина со царина за околу 1300 производи

САД и се закануваат на Кина со царина за околу 1300 производи
  • 04.04.2018

Администрацијата на Трамп во  го зголеми својот удел во растечката трговска пресметка со Кина, најавувајќи 25 отсто намалување на околу 1300 кинески производи од областа на индустриската технологија, сообраќајот и медицината, за да се обиде да го принуди Пекинг на промени во пракса на почитување на интелектуалната сопственост.

Властите во САД претставија листа на производи, кои вклучуваат околу 50 милијарди долари од увозот проценет за 2018 година.

Листата содржи од производи од хемикалии до телевизори, моторни возила и електронски компоненти.

Со објавувањето на листата со кинески производи почнува рок за јавна расправа и консултации кои ќе траат два месеца, по што Канцеларијата треба да донесе конечна одлука за царините.

Властите соопштија дека најавените царини се „одговор на кинеската политика која ги принудува американските компании да ја пренасочат својата технологија и интелектуална сопственост на кинеските компании”.

Back To Top