skip to Main Content

Работна средба на министерот Бектеши со хотелиерите од охридско-струшката ривиера

Работна средба на министерот Бектеши со хотелиерите од охридско-струшката ривиера
  • 15.07.2018

Мерките што централната власт планира да ги спроведе во насока на подобрување на севкупната туристичка понуда беа дел од темите за кои денеска дискутираа министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставници на хотелиерите од охридско-струшката ривиера.

– Ние како ресорно министерство сме постојано во координација со градоначалникот и претставниците на Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ) за континуирано зголемување на бројот на туристи во Охрид, но истовремено и да создаваме подобри услови за сите туристи, да ги посетат Охрид, Струга и останатите туристички места во Македонија, реше Бектеши.

Бектеши посочи дека во таа насока е и воведената апликација за андроид и ИОС плаформите како мерка за привлекување на транзитните туристи што ја посетуваат Македонија да го продолжат нивниот престој, придобивка како за сместувачките капацитети така и за сите субјекти од областа на туризмот.

– Тука сме да разговараме, ги земаме предвид нивните предлози и на тој начин заеднички да креираме политики во насока на подобри туристички резултати. Истовремено со претседателот на ХОТАМ разговаравме за нивните предлози, во насока на менување на легислативата, правилниците се за нивно полесно работење. Првично веќе работиме на ревизија на Законот за категоризација на сместувачките капацитети, негово поедноставување за да овозможи фер однос кон сите нив, рече министерот за економија.

 

Back To Top