skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Прилепското занаетчиство има перспектива

Прилепското занаетчиство има перспектива
  • 14.07.2019

Преку 360 прилепски занаетчии може да сметаат на Регионалната занаетчиска комора која ќе им пружи услуги за развој на занаетчиството во Прилеп, изјави Кирил Трпчески претседател на занаетчиската комора во овој град која со помош на локалните власти се растоварува од долгогодишните долгови.

Прилепската локална самоуправа и додели на Комората шестотини илјади денари да ги подмири долговите кон Фондот за здравство за вработените, да се деблокира сметката, а Комората, според Законскте прописи потоа ќе може на рати да го плаќа долгот од близу еден милон денари во ПИОМ.

-Со години се соочуваме со блокирана сметка, со што беше доведено во прашање постоењето на Комората. Долговите на Комората се од периодот од 2001 до 2008 година, кога со законот од 2001 година чланарината која беше основна за функционирањето на Комората, стана доброволна. Тогаш целиот систем на финансирањето се сруши и Комората остана без финансии. Во тоа време Занаетчиската комора имаше тројца вработени и со тоа што не можевме да ги сервисираме долговите спрема Фондовите за здравствено и за пензиско осигурување, а имавме пари да исплаќаме само нето плати, долгот растеше и со каматите сите овие години се обременуваше. Во еден момент, сметката на Комората беше блокирана и не можевме да ги сервисираме сите долгови, објаснува Трпчески.

Со новиот Закон од 31 декември 2015 година и со дополнителните акти на Министерството за економија со кои занаетчиите мора да имаат нови дозволи и да го усогласат своето работење, појасни тој, како Комора ги усогласивме критериумите, но остана проблемот со блокираната сметка.

-Јавните овластувања како Комора се добиваат со деблокирањето на сметката. Побаравме помош од прилепската локална самоуправа која ни излезе во пресрет. Советниците ни одобрија околу шестотини илјади денари, средства потребни да го покриеме долгот спрема Фондот за здравство, за што сме благодарни. За обврските спрема ПИОМ чекаме да го потпишеме договорот со што ги преземаме обврските и ќе ги отплаќаме на рати. Со ова ќе ги добиеме јавните овластувања и Прилеп, кој важел за занаетчиски град со занаетчиите кои оставиле белег во социо-економското функционирање на градот и ние како Комора ќе оставиме белег во идното организирање на занаетчиството, а со тоа и во економскиот развој во градот. Со ова се надеваме дека ќе отвориме перспективи за младите луѓе и ќе го намалиме иселувањето од градот за тие да го најдат својот интерес во сопствените бизниси преку извршувањето на занаетчиските услуги, вели Трпчески.

Во моментот во Комората има 360 запишани занаетчиски фирми. Но, според новиот зкон каде се регистрирани сите трговски претпријатија и Друштва, кои вршат занаетчиска дејност, мора да извадат занаетчиски дозволи. Така, се очекува дека бројката на занаетчиски фирми во Прилеп би била преку 500.

-Доколку не се деблокираме, регистрите треба да ги предадеме на најблиската занаетчиска комора. Фактички сите занаетчиски фирми од Прилеп ќе појдат во друга општина, а тоа ќе значи поголеми обврски и трошоци за занаетчиските фирми, вели Трпечски.

Фризерот-занаетчија Жарко Јованоски смета дека е направен голем развој во занаетчиството во Прилеп.

-Јас сум втора генерациа на занаетчии и сметам дека  ова е напредок за занаетчиството, вели Јованоски.

Дел млади ја наоѓаат својата иднина во новите занаети, смета младиот електроничар Христијан Момироски.

– Со оваа финансиска помош и овозможува опстанок на прилепската занаетчиска комора што е многу битно за занаетчиите во градот. Занаетчиството е доходовно, а добар дел од младите, кои се во градот, наоѓаат своја иднина, вели Момироски.

Back To Top