skip to Main Content

Премиерот и министрите потрошиле три пати помалку од претходниците

Премиерот и министрите потрошиле три пати помалку од претходниците
  • 29.10.2018

За над 65 проценти се намалени службените трошоци на актуелната Влада во вторите шест месеци од нејзиното работење, во однос на првите шест месеци, покажуваат податоците од Алатката за отчетност на владината веб страница.

Во дополнетата Алатка за отчетност од денеска на јавноста и се достапни личните службени трошоци на носителите на јавни функции за периодите: декември 2017 – мај 2018 и декември 2014 – мај 2015 година, со можност за споредби меѓу различните функционери, институции и периоди.

Како што соопшти владината прес-служба, дополнително, споредено со претходната, оваа Влада реализирала три пати помалку пари на граѓаните за лични службени трошоци за периодот декември 2017 – мај 2018 или поточно 15.081.921 денари, во однос на 48.504.457 денари потрошени од претходната влада, за период декември 2014 – мај 2015.

За првите 12 месеци од работата на оваа Влада, според податоците во  Алатката, јавните функционери потрошиле 37 милиони денари, во споредба со 94 милиони денари на претходната влада, односно два и пол пати помалку.

Транспарентноста на Владата на Република Македонија дава резултати на штедење и домаќинско работење. Заштеди има во сите типови трошоци, а посебно во угостителските услуги каде има скоро двојно помалку трошоци односно 6 352 591 денари, во споредба со 11.000.030 денари за периодот јуни – ноември 2017. За споредба, вкупниот износ на угостителските услуги на компаративниот период декември 2014 – мај 2015 на претходната Влада е речиси четири пати поголем и изнесува 22 335 614 денари, се наведува во информацијата.

Алатката за отчетност на Владата беше промовирана во март годинава, со цел мониторинг врз трошењата и работата на носителите на јавни функции.

Back To Top