Почнува со работа фабриката „Баумер“

Швајцарската компанија „Баумер“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 ја отвора својата фабрика.
Договорот со оваа странска компанија беше потпишан во декември лани. Тогаш беше најавено дека инвестицијата ќе се реализира во три фази и оти компанијата ќе вложи девет милиони евра и ќе се отворат околу 300 работни места.
„Баумер“ е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, кабли и други полуфабриканти од областа на електрониката. Има 38 подружници во 19 држави и вкупно 2.700 вработени.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.