skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања
Стопанска комора на Македонија: Компаниите да се пробиваат на пазарот врз основа на конкурентност, продуктивност и иновативност
СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

Потврдено: Соините трошки и шницли содржат ГМО, ќе бидат уништени

Потврдено: Соините трошки и шницли содржат ГМО, ќе бидат уништени
  • 10.08.2018

Анализите во референтната лабораторија во ЕУ потврдија присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во земјава од Србија од страна на компанијата Виталија, а дистрибуирани преку КАМ ДОО Скопје. Количеството од 510 килограми соини трошки и шницли ќе бидат уништени, а увозниците и операторите ќе добијат парични казни до пет илјади евра. Казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

– Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринаство.

Оттаму додаваат дека увезената соја е по потекло од компанијата „Сојапротеин” од Бечеј, Република Србија, а мострите беа земени во рамки на Мониторинг програмата за безбедност на храната која ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Во Република Македонија, производите соини шницли увезени се од операторот со храна „Виталиа”, а дистрибуирани во прометот преку операторот со храна КАМ ДОО Скопје. Увозот на соините трошки, извршен е од страна на операторот со храна “Сопродекс”, а во прометот, исто така биле дистрибуирани преку операторот со храна „КАМ” ДОО Скопје.

– Соините шницли и соините трошки во количина од 510 килограми, дел затекнати во магацин, дел повлечени од продажба, се наоѓаат под официјален надзор и деновиве ќе бидат нештетно уништени, исто како и позитивната мостра ориз во количина од 550 килограми, по потекло од кочанско, произведена од увозен семенски материјал, наведуваат од Агенцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува  план за контрола за присуство на ГМО  кај  годинашнава нова реколта ориз што се произведува во Република Македонија.

Согласно Законот за безбедност на храна, забранет е увоз, производство и промет во Република Македонија на  храна и производи од храна која содржи ГМО или е составена од ГМО.

За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до пет илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

„Виталиа“: Набавените суровини се во согласност со регулативата на ЕУ

Во врска со резултатите од суперанализите на Агенцијата за храна и ветеринарство за соините шницли и трошки увезени од Србија од страна на „Виталиа“, попладнево се огласи компанијата која наведува дека Европската Унија дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како Нон ГМО.

– Истото законодавство го има и Србија, поради што суровините кои се набавени од страна на нашата компанија се со спецификација согласно ЕУ регулативата и со потврда дека производите се произведени од генетски немодифицирана соја. Со новиот правилник во Македонија донесен пред три години, со кој се забранува какво било присуство на генетски модифицирани организми, Македонија се одалечува од европското законодавство што може сериозно да му наштети на стопанството, соопшти „Виталиа“.

Компанијата посочува дека во корист на индустријата и потрошувачите  ќе побара хармонизација со европското законодавство затоа што, како што наведува, Правилникот е неконструктивен и ваквите отстапувања само предизвикуваат паника кај јавноста.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top