skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Поддршка на младите за отпочнување и водење на сопствен бизнис – разговор во Студио 1

Поддршка на младите за отпочнување и водење на сопствен бизнис – разговор во Студио 1
  • 25.03.2019

Гостин во отвореното студио 1 со Јана Јосифоска и Влатко Чаловски беше Јован Сталевски меѓународен советник и обучувач по ЦЕФЕ методологија, кој зборуваше за културата на претприемништво во нашата земја. Сталевски вели дека овој период нуди многу можности за отпочнување на свој бизнис.

-За припремање на претпремачка култура во Македонија, овој период во кој живеемее е најзначаен. Ова се важни моменти за основање на сопствени бизниси, можностите се отворени, светот е глобализиран и со еден клик можеме да бидеме поврзани со целиот свет, рече Сталевски.

За ЦЕФЕ методологија вели дека се развила на крајот на 80-те години.

-Ова е методологија која на практичен начин ги обучува луѓето за да изградат претприемачки компетенции односно да гледаат можности на пазарот, да знаат како да го менаџираат ризикот, како да пресметаат финансии, да направат бизнис план. 30 години потоа, не само во Македонија, туку во преку 80 земји се користи како метод за креирање на претприемачи, истакна Сталевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top