skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Повеќе средства за конкурентност, иновативност и претприемништво

Повеќе средства за конкурентност, иновативност и претприемништво
  • 15.01.2019

Министерството за економија за годинава има одвоено 53 милиони денари за Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво. Програмата, како што информира министерот за економија Крешник Бектеши, годинава ќе се спроведува во четири делови.

-Првиот дел ќе биде директна поддршка за малите и средните претпријатија, вториот дел е за генералната индустриска политика, третиот е за поддршка на кластерите, а четвртиот за поддршка на компаниите кои ќе преземаат активности во полето на општествена одговорност, рече Бектеши на денешната прес-конференција,.

Тој посочи дека во минатата година беа реализиран 99 отсто од средствата што беа предвидени согласно Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво.

-Имавме предвидено само 10 милиони денари за поддршка  за малите и средните претпријатија, но и генерално за индустриската политика. Годинава имаме предвидено 53 милиони денари  за оваа програма. Во неколку наврати кажавме дека 2019. ќе биде економска година за Република Македонија и убедени сме дека со креирање на ваквите мерки и со другите мерки предвидени од Владата, заедно со бисниз заедницата ќе го реализираме предвиденото во Буџетот, но ќе достигнеме и уште повеќе. Сите предуслови се исполнети во земјава да се реализирааТ сите предвидени проекти за 2019 година, посочи Бектеши.

Прашан зошто денешната прес-конференција ја почна на албански јазик, министерот Бектеши потенцира дека од денеска и албанскиот јазик е официјален.

-Од денеска официјални јазици во Република Македонија се македонскиот и албанскиот јазик, имајќи во предвид дека над 20 отсто од населените зборува албански јазик и тоа е објавено во Службен весник со новиот Закон за јазици, рече Бектеши.

Нагласи дека и претходно прес-конференцииите некогаш ги почнувал на албански, а некогаш на македонски јазик.

– Тоа не кажува ништо. Ние треба да се разбираме едни со други, имајќи во предвид дека јас и додека не беше објавен Законот за јазиците за нашите медиуми и за нашите граѓани сум се обраќал на албански јазик, така ќе продолжам и во иднина, нагласи Бектеши.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top